Замина последната политичка легенда на 20-тиот век

Поранешниот, а за некои доживотен претседател на Куба, Фидел Кастро почина во текот на изминатата ноќ на 90-годишна возраст. 

Зад себе ја остави Куба, онаква каква што светот ја знае. Таткото на кубанскиот народ, власта му ја препушти на својот брат Раул Кастро уште пред 10 години кога здравјето почна да го издава. Најлегендарниот револуционер и антикапиталист во историјата на светот, ќе биде запаметен по тоа што е главен организатор на револуционерното движење против диктатурата на Батиста, предводник на кубанскиот народ во периодот на студената војна и спротивставуањето на американскиот империјализам.

Несомнено Фидел Кастро е шампион по преживеани обиди за атентат. Според официјалните податоци такви обиди имало повеќе од 600, па така и тој самиот вели: 

-„Да беше преживувањето атентат олимписка дисциплина, јас ќе го освоев златото!“