Забрането возење на коли низ Центар побрзо од 10 км на час (фото)

Помеѓу двете светски војни, во Скопје најстрого било забрането возење на коли низ град побрзо од 10 км на час, а возачите требале да свирнат кога преминувале од една на друга улица, кога доаѓале на раскрсница или преоѓале преку мост.


Во Скопје, пред 1930 година, биле воведени сообраќајни знаци, а во 1929 година се започнало со калдрмисување на некои улици со ситни коцки.  Најнапред биле калдрмисани со ситна базалтна коцка оние улици во центарот кои воделе до плоштадот, со што овој дел од градот станал попристапен.

Сето ова придонело за осовременување на автомобилскиот сообраќај. Според податоци од 1932 година, во Скопје имало 96 автомобили кои можеле да се купат во салоните за автомобили на брака Поповиќ, Асео Сабатаи и на Ментеш Колономос.