За мојата пријателка која него го гледа како приоритет, а тој неа како опција

Посакувам да постоеше полесен начин да ти го кажам ова. Посакувам да можев магично да ја отстранам твојата болка и да те натерам да заборавиш на неа. Да направев некакво чудо за да не дозволам да страдаш. Но, вистината е дека не можам да направам ништо. Не можам многу да ти помогнам.

Не можам да го натерам да те сака. Не можам да го натерам да сфати дека те повредува и уништува секој ден. Да му покажам дека не те поседува и не може така да си игра со твоето срце.  Не можам да го убедам да се грижи за тебе.

Не можам ни тебе да ти кажам да престанеш да го бркаш на тој начин. Се обидувам да ти покажам дека тој не е за тебе, но одбиваш да го видиш тоа. Не сакам да страдаш, не сакам да дозволам да го дозволуваш тоа.Но, што да направам?

Сакам да ти кажам дека осаменоста не е полоша од ваквата токсична врска. Сакам да ти кажам да се фокусираш на себеси, да ја издигнеш својата личност и потоа да најдеш личност која вистински ќе те цени и која вреди да те има до себе. Сакам да ти покажам дека додека ти него го гледаш како приоритет, а тој тебе како опција.

Зошто чекаш? Зошто не ги отвориш очите? Зошто го дозволуваш тоа?

Ако ти е потребна храброст, поддршка и сила, јас сум тука за тебе. Престани да се надеваш, престани да сонуваш.

Ќе дојде личност во твојот живот која нема да ја молиш за минута од денот, личност која ќе сака да те види, да биде со тебе постојано, да те цени и поддржува, да ти даде дел од себе. Тоа ќе биде личност која ќе не може да го замисли својот живот без тебе. Таа е личност која може да ти ја даде љубовта која уште од малечка ја посакуваш.

Дај си себеси дозвола да продолжиш, дај си дозвола да бидеш среќна. Престани да молиш за љубов. Сакај се себеси наместо тоа. Не го давај тој луксуз на љубов која не те заслужува.