За љубов се потребни двајца: Лекции кои ги учиме од луѓето кои не знаат да сакаат

Некои луѓе не знаат да сакаат.

Photo by Ryan Jacobson on Unsplash

Можеме да поминеме денови и години обидувајќи се да го промениме тоа. Но, тоа е невозможно. Иако врската со нив е прилично тешка и комплицирана, сепак можеме да научиме одредени работи и да бидеме подобри личности.

Посреќни сме сами отколку со погрешна личност

Постои период кога се надеваме дека можеме да смениме нешто. Но, луѓето кои ни даваат минимум ни ја нарушуваат самодовербата, прават да се чувствуваме недоволно и лошо. Врската со нив е истоштувачка. Така учиме дека за љубов се потребни двајца.

Никогаш не треба да се чувствуваме виновно ако бараме да сме сакани

Љубовта бара влог, таа не опфаќа само убави зборови и ветувања, туку и конкретни дела, мали и големи нешта со кои се покажува љубовта. Кога сме во врска со личност која се однесува како да не го разбира тоа, се чувствуваме како постојано да бараме нешто што не го заслужуваме. Но, никој не треба да моли за љубов. Вистинската личност ќе нè сака на свој начин, но тоа ќе ни носи среќа, а не постојани прашања дали нешто не е во ред.

Љубовта не треба да биде мачна

Многу пати мислиме дека љубовта е таква. Дека луѓето се расправаат, се докажуваат, се лутат и се смируваат. Таа треба да биде извор на возбуда и радост, а не причина постојано да се чувствуваме лошо и уморно. Ако вашата врска постојано ви носи тешкотии, тогаш веројатно сте со погрешна личност.