За еден месец две кражби во наплатните каси на „Градски паркинг“

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, веќе втор пат во период од еден месец се соочува со разбојнички напад на една од наплатните каси и тоа на главната каса на паркиралиштето на Клинички центар „Мајка Тереза“.

Имено, на ден 24.8.2022 година, во 21:50 часот на главната каса за наплата на јавното паркиралиште на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се случи разбојнички напад од непознато лице, кое со нож влегло во куќарката и го зел целиот промет од тековниот ден. Пред еден месец на 20 јули во истиот временски период (21:50ч.), на истиот начин, непознато лице влегло во куќарката за наплата на паркингот и ја испразнил касата.

За претходниот разбојнички напад досега нема разрешница од страна на надлежните институции.

-ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, пред се’ како одговорно претпријатие се грижи за безбедноста на своите вработени. Поради ова, како јавно претпријатие апелираме до надлежните да преземат што поголема одговорност и да се спроведе истрага, која ќе биде ефикасна и со тоа ќе се спречи уште еден ваков немил настан, во кој пред се’ беше загрозен животот на вработени во јавно претпријатие, велат надлежните од претпријатието.