За два денари поскапува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемува за 2,00 денара и ќе чини 85,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.