За ДУИ, Ахмети е светиња, тој е повеќе од историја, повеќе од Влада и повеќе од власт

ДУИ со реакција на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој од Крушево порача дека неговата цел е да го испрати Али Ахмети и ДУИ во политичка пензија.

„Го потсетуваме Мицкоски и неговите проруски телали дека кариерата и политичката активност на г-дин Али Ахмети е повеќе од историја, повеќе од Влада и повеќе од власт“, велат од ДУИ.

Како што додаваат, од денот на основањето на ДУИ, Ахмети нема изгубено ниту едни избори и така ќе биде се додека Мицкоски, како што велат, не им се придружи на пензионерите, и во СДСМ и во ВМРО, кои своевремено сакаа уривање на ДУИ и на лидерот на Албанците, Али Ахмети.

„Мицкоски знае дека во Северна Македонија не постои вага која може да ја измери работата, развојот и трансформацијата на државата со реформистичките проевропски политики на ДУИ и г-дин Али Ахмети“, се вели во реакцијата.

Од тука се уверени дека граѓаните на 24 април и 8 мај ќе ја заверат победата на ДУИ и Европскиот фронт.