За 700 евра ќе добиела сертификат по германски, тетовец измамил жена од Косово

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера  во 16.35 часот во СВР Тетово, 41 – годишен државјанин на Косово пријавил дека неговата сопруга била измамена од Е.В.(45) од Тетово.

- Според пријавеното, во текот на минатиот месец, во комуникација преку социјалните мрежи, тој ѝ ветил дека ќе ѝ среди во Скопје да полага испит по германски јазик согласно законските прописи и, откако се договориле, таа преку брз трансфер на пари му уплатила 732 евра, се вели во полицискиот билтен.

Откако последните денови не им се јавувал, тие сфатиле дека биле измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.