Возило излета од булевар во Струмица, возачот е тешко повреден

Возило излета од пат денеска по полноќ.

- На 02.05.2024 во 00.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Н.(56) од Струмица, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ж.А., констатирани во Медицински центар Струмица, информираа од полицијата. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.