Во септември издадени 248 одобренија за градење

Во септември годинава се издадени 248 одобренија за градење, што е за 15,9  проценти повеќе во однос на септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од 248-те одобренија, 72 се во Скопскиот регион, 50 во Полошкиот, 49 во Југоисточниот, 17 во Југозападниот…

Во извештајниот период е предвидена изградба на 557 станови, со вкупна корисна површина од 45 427 метри квадратни. Најголем дел се во главниот град, 258, од кои 150 во Општина Аеродром, 52 во Општина Карпош, 34 во Општина Центар. Во Југозападниот регион ќе се градат 11 станови,од кои во Дебар 99, во Југоисточниот 61, во Пелагонискиот 58,….

Според издадените одобренија за градење во септември годинава, предвидената вредност на објектите изнесува 3.285.005.000 денари, што е за 65,2 проценти повеќе во однос на септември претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 139 (56,1  процент) се наменети за објекти од високоградба, 33 (13,3 проценти) за објекти од нискоградба и 76 (30,6 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 248 објекти, на 161 (64,9 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 87 (35,1 процент) инвеститори се деловни субјекти.