Во пресрет на Велигден: Цените во Грција вртоглаво растат

За велигденските празници голем дел граѓаните ќе заминат за Грција. Од туристичките агенции велат дека има интерес и за туристичките тури низ Европа, но сепак најголем интерес има за Грција. За велигденските и првомајските празници ќе се спојат повеќе неработни денови, а и поради топлото време мал број граѓани ќе останат во државата. Од агенциите велат дека цените за хотелско сместување се движат од 100 евра па нагоре на база на полупансион, а за турите низ Европа цените изнесуваат од 500 евра по човек за четири ноќевања.

Зголемената побарувачка значително ги крена цените во познатите грчки одморалишта во околината на Солун и на Халкидики, значително зголемени цени на становите и на апратманите во приватното сместување, а зголемени се и цените на храната во локалните таверни и ресторани.

Медиумите од Србија веќе алармираат за значително зголемени цени на становите и на апратманите во приватното сместување, а зголемени се и цените на храната во локалните таверни и ресторани.

На пример, во некогаш мало рибарско село, кое денес е топ дестинација поради близината до Солун, гирото е веќе 4 евра, но ако ви се послужи како оброк во чинија, ќе ве чини 7 евра, пишува Блиц.рс

Аперол на плажа чини 8,5 евра, додека чаша „фредо капучино“ чини 5 евра. Пивото е 4,5 евра (мало), додека цените на печивата во голема мера останаа исти.

Двокреветен стан во мирниот дел на Никити на почетокот на јуни чини 278 евра по лице за 10 дена додека таа бројка се искачува до 588 евра по лице на крајот на јули и во првата недела од август. Доколку одлучите да го изнајмите целото сместување, ќе платите околу 100 евра помалку, информира Телеграф.

Цените за изнајмување на студио/апартмани се и над 1.000 евра. За 10 дена на почетокот на јули треба да издвоите 920 евра, додека следниот термин е веќе 1.040 евра.