Во Македонија постојат 10 патарини, а ќе се отворат дополнителни 4 - процесот за електронски систем за наплата ќе почне од Коридор 10

Владата на Република Македонија синоќа ја разгледа и усвои информацијата за потребата од фазно финансирање и реализирање на изградбата и инсталацијата на електронскиот систем за наплата на патарини во Република Македонија.

Првично се очекува да почне да функционира од Коридор 10 (Романовце, Сопот, Отовица), а се прават напори за воведување на ваквиот систем и за патарината кај Стоби. За Коридор 8 треба да се додаде само софтверот за да почне да функционира електронската наплата. Во Македонија, ваквиот систем за прв пат ќе биде воведен и ставен во функција. Досега, плаќањето се вршеше мануелно и физички.

Во моментов во Македонија постојат 10 патарини а ќе се отворат дополнителни 4. Инвестицијата е во вредност од 18,7 милиони евра од кои 2,8 милиони се од буџетот а останатите од ЕБОР.