Во кината лани биле прикажани 939 филмови, а ги гледале 274.279 луѓе

Во кината низ Македонија минатата година биле прикажани 939 филмови, имало 11.326 кинопретстави на кои присуствувале 274.289 посетители, соопшти Државниот завод за статистика.

Во 2022 година, во споредба со 2021 година, бројот на прикажаните филмски кино-претстави е зголемен за 5,4 отсто.

Со податоците на Државниот завод за статистика се опфатени 13 кина.