Во 2019 оставете ги позади себе сите лоши денови, ситуации и луѓе

На крајот на 2018, простете си за сите грешки. Престанете да се каете и заблагодарете си што живеете онака како што знаете.

Простете си себеси затоа што им верувавте на погрешни луѓе, простете си за оние денови кога бевте тажни и нерасположени и заборавете ги деновите кога се мразевте себеси поради другите луѓе.

Оставете ги таквите денови позади себе.

Оставете ги позади себе местата кои ве правеа несреќни, луѓето кои ви нанесоа болка и тага и сите ситуации кога се чувствувавте тажно или непријатно. Престанете да мислите на нив. Оставете ги онаму каде што припаѓаат, во минатото.

Следната година, обидете се повторно. Дајте си себеси уште една шанса и дајте им шанса на луѓето да ве сакаат. Одете на места кои ве прават среќни, сакајте ги луѓето кои прават да се насмеете, живејте по ваше.

Можеби ќе згрешите, можеби нема да згрешите. Но, тоа е само ваш начин, ваш живот. Играјте го по сопствени правила, онака како што вие знаете.

Верувајте во себе, најдете ја убавината на себе и во себе и бидете си себеси свое сонце. Дајте си енергија и храброст и бидете личноста на која секогаш можете да се потпрете. Впрочем и ако не се потпрете на себеси, кому? Сакајте се себеси прво, а потоа другите и престанете веќе еднаш да се каете што го давате срцето на луѓе кои не заслужуваат.

2019 ќе ви донесе среќа, но морате да бидете искрени кон себеси. Кажете им не на другите за работите кои не сакате да ги правите, и кажете си да себеси за работите кои отсекогаш сте сакале да направите. Бидете најдобра верзија од себе, но бидете искрени прво кон себе, а потоа и кон другите.

Вие вредите повеќе одошто мислите и веќе време е да престанете да си лепите лоши етикети за оние работи кои сте пробале да ги направите, а не сте успеале. Тие не ве дефинираат како личност. Се дефинирите вие самите.

Блескајте!