Внимавајте кога купувате за новогодишните празници: Трговците користат трикови за да продадат стар производ

Маркетите се особено полни со потрошувачи пред Нова година. Тогаш сите купуваат. Некој повеќе, некој помалку. Во овој перидо од година потрошувачката е многу поголема. Но, внимавајте, сега трговците користат и разни трикови за да продадат стар производ.

За разлика од европските маркети во кои на посебни гондоли храната пред истекот на рокот на траење се продава по цена пониска и од 70, нашите трговци, посебно оние малите, користат разни трикови за да продаваат стари производи. И…најчесто успеваат во тоа.

Лимонтус и камилица за свеж изглед на месото – За да изгледа посвежо, во месото се додава лимонтус и витамин Ц, кои на вештачки начин го продолжуваат рокот на траење. Исто така, пилешкото, свинското и јунешкото месо се мачкаат со чај од камилица, за да го изгубат непријатниот мирис.

Светлото и зачините ги прикриваат маните на месото – Во некои месарници, фрижидерите имаат црвено светло за на купувачите да им делува дека месото само што излегло од производство. Месото кое веќе почнало да ја менува бојата и да се суши од стоење, месарите го ставаат во зачини и го продаваат како мариниран специјалитет, а најлесен начин да се продаде старото месо е од него да се направат плескавици или ќебапи.

Вода и лед за зеленчукот – Зеленчукот, а најмногу зелената салата и зелката, трговците ги прскаат со вода во која има малку детергент за садови, за да изгледа посјајни и посвежо. Овошјето и зеленчукот трговците најчесто ги чуваат на мраз за подолго да изгледаат свежи, а се случува и да ги премачкаат со тенок слој на масло, за да делуваат сјајно.