ВМРО ДПМНЕ: Првите резултати покажуваат убедливо водство на Гордана Силјановска Давкова

Нема место каде професорката Силјановска Давкова нема огромна предност и водство, ова во изјава за МТВ го истакна потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочовска.

Според првичните неофицијални информации кои таа ги спомена, од 10 проценти од обработените податоци, 44 проценти гласале за професорката Силјановска Давкова, 18 проценти за Стево Пендаровски и другите се за останатите кандидати.

Потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ Кочовска наброја неколку избирачки места каде кандидатот на оваа политичката партија е во убедливо водство.