ВМРО-ДПМНЕ ќе има 58 пратеници, ДУИ 19, СДСМ 18, Вреди 13, Левица и ЗНАМ по шест

Државната изборна комисија информира дека од обработени 99,6 отсто од податоците на вчерашното гласање за парламентарните избори во Македонија коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Твоја Македонија освои 58 пратенички места, коалицијата на СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди 1, а Левица и ЗНАМ по 6 мандари

Или според бројот на освоени гласови: коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ 431.084 гласови или 43,22%, СДСМ – 153.195 или 15,36%, ДУИ 137.485 или 13,79%, Вреди 106.991 гласови или 10,73%, Левица 67.327 или 6,75%, движење ЗНАМ – За Наша Македонија 55.527 или 5,57%.