ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информираше дека претпладнево одржал состанок на којшто биле поставени контурите на рамката врз која ќе го градат коалицискиот потенцијал со останатите партии.

Фокусот ќе бидат луѓето на прво место, вели Мицкоски.

Трите значајни точки врз којшто ќе почиваат преговорите за коалициските партнери во новата Влада се: економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард;  фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда; реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.

Мицкоски рече дека очекувањата се големи, а одговорноста кон народот уште поголема.

Партискиот лидер уште пред изборите најави дека ВМРО-ДПМНЕ планира да коалицира со албанскиот опозициски блок „Вреди“, а не со ДУИ, за којашто партијата смета дека треба да замине во опозиција.