Влатко Миладиновски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски денеска ќе пеат во Гази Баба

Денеска на плоштадот во Автокоманда во Гази Баба, со почеток во 13 часот, ќе се одржи традиционалната манифестација “Пивтијада 2023”, како дел од прославата на големиот христијански празник Богојавление - Водици.

Во рамки на културниот дел на манифестацијата ќе настапат Влатко Миладиновски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и Групата Аманет.

Манифестацијата има културен, натпреварувачки и хуманитарен карактер. Во рамки на натпреварувачкиот карактер на манифестацијата граѓаните ќе имаат можност да се натпреваруваат со најубаво украсена пивтија. Комисија од општината ќе изврши избор на три најубаво украсени пивтии и истите ќе бидат наградени, информираа од општината. 

Во хуманитарниот дел од манифестацијата секој граѓанин преку купување на пивтија ќе има можност да донира, по што собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели.