Викендов ноќно и денско скијање на Шапка со ДЈ забава

Од Ски Центарот Попова Шапка информираат дека се подготвени да ги пречекаат гостите кои викендов сакаат да уживаат на снег.

Ски - центарот работи од 8:45 до 15:30.

Во петок и сабота планирано е и ноќно скијање, од 19:00 до 22:00 часот, а цената на билетот за ноќно скијање е 900 денари.

-Покрај скијање, планирана е и забава со DJ во петок на ноќно, во сабота планираме забава со DJ и за денско и за ноќно скијање, како и недела преку ден, информираа од Ски центарот. 

Оттаму упатија апел до сите посетители на Ски - центарот за одговорно однесување, согласно правилата на Ски - центарот со цел безбедно скијање за сите.

-Во сабота, обезбедивме шатл превоз од 10 часот до крајот на скијачкиот ден, од местото викано Сидол Камен до главниот паркинг на Ски - центарот. Исто така, ве замолуваме за внимателност и почитување на одговорните лица кои го регулираат сообраќајот, како и паркирање на означените места, со цел да се избегне создавање сообраќаен застој, велат одговорните.