Викенд хороскоп: 22-24 март

Што ни носи викендот?

Photo by Tamara Bellis on Unsplash

Овен

Ако одредена ситуација ве мачи сѐ уште, сега добивате можност да се ослободите од неа. Тоа може да вклучи разговор со психолог, или пак со друга личност која ќе ви помогне да ги видите работите низ друга перспектива. Со поврзувањето на Венера и Сатурн во Риби, лесно ќе биде да паднете во замката да се чувствувате како жртва, но пробајте да имате позитивен пристап за сѐ што ви се случува. Како што Марс почнува да се движи во Риби каде ќе остане во следните 6 недели, ќе имате можност да бидете спонтани, но и лесно да го добивате она што го посакувате. Со тоа доаѓа и можност за ресетирање, бидејќи ќе успеете да одредите приоритети и да се посветите на решавање на проблемите кои ве мачат.

Бик

Ако сте размислувале да направите промени во вашиот круг на пријател,  овие денови ќе донесат поттик и желба да напуштите одредени пријателства и да создадете нови. Истото  може да се случи и со одредени љубовни односи. Сегашната постава на Венера и Сатурн може да ја зацврсти одлуката да ја ставите сопствената среќа на прво место. Вашиот социјален живот добива дополнителен сјај од сабота, па можеби ќе бидете поактивни кога станува збор за вмрежување и приклучување на различни групи. Може да забележите и дека најдобриот начин да се постигне нешто е да се работи како дел од тим, дури и ако тоа значи да се биде лидер и организатор. Има нешто судбинско во вашите пријателства, овој викенд.

Близнаци

Со синхронизацијата на Венера со Сатурн, ќе бидете подготвени да прифатите пристап кој носи решавање на проблемите. Размислувате за проект кој бара од вас да бидете многу професионални? Ако е така, иницијативата е најважна во вашиот случај. Ова е добар момент да допрете до до оние со влијание и да создадете врска која може да се зајакне со текот на времето.

Рак

Следните денови може ви донесат сериозен пристап и обврзување кон некоја ваша цел, што ќе ви помогне да успеете. Тоа ќе ви помогне да разговарате за градење функционален план и да започнете. И покрај тоа, може да се сомневате во себе или да се плашите да продолжите напред кога сигурно ќе имате корист од тоа што ќе направите. Време е да бидете храбри, бидејќи имате толку многу да дадете и споделите со светот.

Во сабота и недела, ќе сакате да пробувате нови работи и да го проширите опсегот на активности. Вашиот фокус може да биде насочен кон нови вештини, кои можат да ги унапредат вашите интереси или кои можат да помогнат во вашата кариера. Ако си дозволите да се водите од случајноста и синхроничноста, ќе откриете што е најдобро за вас. Она што е толку фасцинантно е што можеби не е она што мислите.

Лав

Дали вашата врска изгледа како да ви е потребен притисок и поттик? Можеби ќе се прашувате каде го снемало сјајот.  Потрудете се да поработите на односот со саканата личност и да ја вратите страста во врската. Во текот на следните денови, ќе ги почувствувате придобивките од здружените ресурси за да постигнете одредена цел. Исто така, ќе сфатите колку им требате на другите и колку ви требаат тие. Давањето и примањето совети и поддршка е од клучно значење. Така, финансиите и бизнисот можат да имаат корист. Дали имате потешкотии со клучна област од животот? Можеби ќе се чувствувате принудени да го решите ова прашање и ќе се трансформирате поради предизвикот во текот на деновите од викендот.

Девица

Во текот на денешниот ден, чувствата може да го направат своето и да ве натераат да го преиспитате одредено пријателство или да развиете романса. Дали треба да дозволите вашите чувства да се покажат или да се воздржите? Може да биде дилема. Не го премислувајте ова, инаку ќе се заробите во хаос. За околу еден ден ќе ви биде многу полесно да зборувате и фокусот се менува, бидејќи енергичниот Марс влегува во суптилниот знак Риби и вашиот сектор на врски. Ова може да биде повик за поврзување со другите, за работа како тим или партнерство и за повеќе дружење.. Подготвени сте да воспоставите нови врски? Од ова може да произлезат златни можности,

Вага

Имате многу работи кои се случуваат во вашиот живот истовремено- Ова не е време да жонглирате со вашите планови. Колку повеќе можете да ја намалите вашата листа со задачи, толку полесно ќе ви биде животот. Ако мислите дека треба да направите нешто и навистина не сакате, тогаш не бидете премногу ригидни. Ќе сфатите дека не само што ви е потребен одмор за да се релаксирате, туку и да ги наполните батериите и да ја вратите својата концентрација. Ставете го тоа како приоритет.

Шкорпија

Сакате да импресионирате некого? Може да претерате малку во тоа,  бидејќи спојувањето на Венера со Сатурн може да ве натера да се трудите премногу, но потоа да се разочарате. За среќа, сето ова е привремено.  Наскоро се враќа вашата самодоверба. Во сабота, Марс, ориентиран кон целта, влегува во вашиот сектор за слободно време и може да ве види како ја се препуштате на  вашата креативна страна и уживате во шансата да се занесете во некое хоби или да научите некоја уметничка вештина. Исто така, можно е романтичната врска да засили, што може да доведе до продлабочување на врската. Најдете време и за љубов.

Стрелец

Соединувањето на Венера и Сатурн може да ве поттикне да погледнете подлабоко во трошоците за управување со вашиот дом. Можеби има начини да добиете подобри зделки ако ги барате. Но, дури и да ги нема, ова е шанса да дозволите вашата генијалност и снаодлива природа да дојдат до израз.  Во исто време, може да се разбудат подлабоки емоции во врска со семејните работи и ова може да биде можност да се надминат и да почнат да се решаваат во следниот период.

Јарец

Размислете добро пред да ветите нешто, бидејќи подоцна може да зажалите. Ако кажете да, само за да оставите впечаток, бидете сигурни дека сте подготвени за ова, бидејќи вашиот интерес може да се намали во текот на времето. Всушност, ако натрупате премногу на вашата чинија, сегашните аспекти сугерираат дека можете брзо да го изгубите интересот, но и трпението, а тоа може да ви донесе голем стрес. Бидете внимателни!

Во сабота и недела, состаноците, средбите и разговорите би можеле да бидат значајни, бидејќи огнениот Марс се преселува во етеричните Риби и вашата комуникациска зона. Но, сепак може да чувствувате дека немате контрола врз тоа како ќе испаднат. Можеби сте подготвени да ја искористите шансата, но таа може да ви исчезне, а друга за која не сте размислувале да ја замените. Сакате повеќе сигурност? Дозволете и на вашата интуиција да ве води.

Водолија

Овој викенд, добивате шанса да бидете повеќе свесни за давањето и земањето во вашите интеракции. Додека вие сте дарежливи, другите можеби не се однесуваат исто како вас, а вие би можеле да го сфатите ова лично. Тоа може да биде од причини кои немаат никаква врска со вас, а повеќе се однесуваат на лични работи, па не дозволувајте тоа да ве загрижува. Не размислувајте премногу.

Риби

Ова е еден од оние викенди кога можеби нема да се чувствувате најдобро, а тоа се должи на тоа што Венера и Сатурн се спојуваат во вашиот знак. Ќе се фокусирате на сето она што не е во ред со вас и вашиот изглед или перформанси, наместо на сите ваши добри точки. Сето тоа би можело да ви го уништи денот, но не дозволувајте тоа да остане главното расположение во текот на викендот.