Видео: Рекламен билборд влета во автомобил при невремето во Загреб

Силно невреме го зафати регионот, а ветерот и обилните врнежи ја зафатија северна и централна Хрватска, како и Славонија.

Силниот ветер и силниот дожд направија хаос во Загреб. Разорниот ветер носеше се пред себе, а силниот дожд ги поплави улиците.

Врнежите предизвикаа огромни штети во Загреб, каде две лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени.

Еден возач снимил како е да се вози низ градот додека трае силното невреме.

Во еден момент на автомобилот налета билборд. Според информациите на лицето кое го објави видеото, во несреќата нема повредени, пишува „Индекс.хр“.