Видео: Никола Бадев го опеа Скопје по земјотресот!

Во чест и сеќавање на кобниот земјотрес пред 60 години, кој Скопје го претвори во пепел!

Песната е во изведба на легендарниот Никола Бадев: 

Скопје, Скопје

Скопје, Скопје чудно, ненагледно,
твојта убост в' срцата ни се крие
в' срцата наши ти ни се лееше,
но на крајот свеста ни ја зеде.

Убавиот Вардар што сред тебе тече,
преди шест месеци тој те однесе,
природната сила за тебе не се смили,
Македонија нема да заборави.

Многу народ од цел свет ти дојде,
гледаат отпад, па и они плачат,
многу народ под рушевини згази,
стари, млади, и на лулка деца. 

Многу народ без родбина остави,
без мајки, татковци, браќа и сестри,
многу народ Скопје ти поцрне,
Југославија нема да заборави.