Видео: Неверојатни сцени од Германија, сред лето побелеа улиците

На социјалните мрежи се појавија фотографии кои на прв поглед изгледаат како улиците да ги покрила густа снежна покривка.

Ова е последица од силно невреме со град и силен дожд што го погоди во петокот градот Ројтлинген во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, пренесува магазинот „Феникс“.

На улиците за кратко време се наталожи бел слој град кој досега до околу 30 см.