Видео: Македонец победи во шоуто „Никогаш не е доцна“

Павле Витанов од Струмица победи во популарното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ и му се заблагодари на семејството затоа што го убедиле да се пријави во шоуто.

Павле имаше над 40.000 гласови и убедливо победи пред останатите финалисти.

Пред да настапува во „Никогаш не е доцна“, Павле претходно се натпреваруваше и во „Ѕвездите на Гранд“.