Вечерва концерт со солистите од Националната опера и балет во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“

Вечерва со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет, ќе се одржи ексклузивен концерт со оркестарот и солистите од Националната опера и балет, во рамките на фестивалот „47. Денови на македонска музика“ 2024.

На концертот, публиката ќе може да проследи дела од композиторите на кои им се одбележуваат јубелјните години од раѓањето Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на делото на композиторот Стојан Стојков и делата на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски.

Како солисти на концертот ќе настапат Весна Ѓиновска Илкова, сопран, Наде Талевска, сопран, Гонца Богоромова, сопран и Горан Начевски, баритон, во придружба на оркестарот, а под диригентска палка на Иван Еминовиќ.

Влезот за концертот е слободен.