Васовски си замина од тренерското столче во Вардар

Александар Васовски повеќе не е тренер на Вардар. Ова денес самиот тој го објави на социјалните мрежи. Како причина ги наведува големите проблеми со кои се соочува клубот и според него тоа е огромен товар со кој тој како тренер веќе не може да се носи.

- „Кога дојдов ветив дека до декември ќе му помогнам на клубот, надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри, но очигледно се нема слух и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Не можејќи повеќе да го носам товарот на таквото функционирање се повлекувам од тренерското место во Вардар. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, напиша Васовски

Тој им се заблагодари на Комитите на навивачите и сите оние кои му помогнале на клубот.