Вархеи: Очекувам со Силјановска да работиме на забрзување на реформите за преговорите со ЕУ

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеи, и’ ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на изборите.

„Честитки за новата претседателка на Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Сиљановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори“, наведе Вархеи во честитката на платформата „Икс“.