Ван Гог : Бидете добри кога животот е тежок, сѐ ќе си дојде на место подоцна

Винсент Ван Гог е еден од најголемите уметници. 

Photo by Руслан Гамзалиев on Unsplash

Иако неговиот живот бил исполнет со падови, сиромаштија и тешки моменти, сепак по неговата смрт, тој доживува огромна слава поради убавината на неговите дела. 

Ова се неговите најпознати цитати:„Погледот на ѕвездите ме принудува да сонувам.“

„Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“

„Бидете добри кога животот е тежок, сѐ ќе си дојде на место подоцна. Никој не го добива посакуваното од самиот почеток.“

„Љубовта секогаш носи тешкотии, тоа е вистина, но нејзината добра страна е тоа што дава енергија.“

„Посакувам другите да ме прифатат таков каков што сум.“

„Единствената лекција што треба да ја научиме во овој живот е да научиме да страдаме без да се жалиме.“