Утре во Филхармонија премиера на „Кајмак“

Утре во македонска Филхармонија премиера на филмот „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски. 

Веќе од четврток филмот ќе почне да се прикажува во речиси 30 градови низ Македонија.

Во филмот играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и други.

Неодамна, Кајмак имаше светската премиера и три распродадени проекции на Токискиот фестивал. Реакцијата на јапонската публика беше извонредна. Весникот Џапан тудеј (Japan Today) го нарече филмот „мрсна сатира“. Манчевски беше во центарот на збиднувањата во Токио, каде одржа и мастерклас кој имаше голем одглас кај публиката.

Веднаш потоа „Кајмак“ отпатува во Тајван, каде се прикажа на Филмскиот фестивaл Златен коњ (Golden Horse) во Тајпеј. По двете преполни проекции и едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер, следеа сесии разговори со публиката која ја пофали приказната, велејќи дека постојано изненадува.