УХМР со метео предупредување за денес

Претежно облачно време со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Поради ваквото време од УХМР излегоа со метео предупредување до граѓаните.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите во главниот град ќе бидат од 8 минималната до 14 максималната температура.

За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно, во сабота со услови за слаб локален дожд, а во недела сончево и релативно топло. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на следната седмица. Температурите ќе се движат од -1 минималната до 19 степени максималната