УХМР предупредува за невреме, еден дел од Македонија веќе е зафатен со нестабилна облачна маса

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Наместа, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во четврток и во петок ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Од УХМР информираат дека според радарската слика северозападот на Македонија е зафатен со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд и грмежи.