Уапсено едно лице за поседување оружје без дозвола

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера го привеле Д.З.(29) с.Ново Село, општина Зелениково. При претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „Escort Magnum“, еден ловечки карабин „Ceska Zbrojovka“ со оптички нишан, 30 куршуми и шест ловечки патрони, кои ги поседувал без дозвола.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.