Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 17.10 часот, на улицата 29 Ноември во Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец В. К.
Тој претходно бил пријавен од 20-годишната сопруга дека физички ја нападнал.
Бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок, соопшти полицијата