По приведувањето на судијата Наќе Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети, на социјалната мрежа Твитер се отвори дискусија на оваа тема, твитерџиите велат дека институциите вредат колку што вредат и луѓето во нив, коментирајќи гo фактот дека еден од приведените е поранешен Народен правобранител:
Ова се дел од твитовите:
Осомничениот за поткуп јавен обвинител Иџет Мемети од ДУИ, во два мандати беше народен правобранител, беше министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.
Институциите вредат колку што вредат луѓето во нив.
Вие ги бирате.— Mirjana (@ibogovitelicno) May 21, 2024
Тргна возот.
Уапсен врховен судија Наќе Георгиев кој за поткупот требал да донесе олеснителни околности за Боро Малборо, обвинетиот претходен градоначалник на Ново Село од Сдс, за марихуана pic.twitter.com/gUZpB4gQGz— Бемка (@B1PcG6cyiRrcoTr) May 20, 2024
Судии со тарифа од 10К евра треба да го затворат Сашо или Заев кои имаат украдено над 5 милијарди евра.Никад нема да се деси
— Xомер (@Xomep3boHapoT) May 21, 2024
Џевдет Хајредини:
“Не ми е познато колку е казната за мито од 10.000 евра, меѓутоа, познато е дека во Македонија не се казнети тие што од ТЕЛЕКОМ примиле по 2,5 милиони евра”
— Alex Macedonian (@Alex4Macedonia) May 21, 2024
Колку треба да си алчен? Иџет Мемети во овие 30 години бил секретар на владата, државен советник на владата, министер за правда, судија на Уставен суд, член на ДИК, народен правобранител и член на Советот за јавни обвинители.
На крај паѓа за примање поткуп од Боро Малборо. pic.twitter.com/vrDBaS6GH1— ОфДјутиКомидиан (@OffDutyComedian) May 21, 2024
Ако Наќе и Изет му завршеа работа на синот од градоначалникот немаше да ги пријави, а МВР и понатаму успешно ќе ја продолжеше борбата против криминалот и корупцијата.
— Мацко (@februar1967) May 21, 2024