Трошоците потребни за едно четиричлено семејство да го истурка месецот изнесуваат 57.467 денари

Трошоците на едно четиричлено семејство да го помине месец февруари изнесуваат 57.467 денари или околу 930 евра, покажуваат пресметките што ги направи Сојузот на синдикати. Ако го споредиме со јануари месец тогаш имаме поскапување од 313 денари.

Податоците од оваа пресметка покажуваат дека најмногу пари одат за прехрана и за тоа се потребни околу 21.219 денари или 36,9% од целокупниот буџет.

Сметките за вода, струја и греење, според ССМ, изнесуваат 10,5% од буџетот на семејството или 6.014 денари.

Но доколку семејството нема сопствен дом и изнајмува стан од 60 квадратни метри, нивните трошоци драстично се зголемуваат. Според Синдикалната кошница, за да преживеат потребни им се 72.851 денар.