Тројца повредени во судир на камион и автомобил на магистралниот пат Гостивар- Стража

Тројца повредени е епилогот од судирот на товарно возило „мерцедес вито и патничко возило „волво“ на магистралниот пат Гостивар-Стража. Најмногу настрадал возачот на „волвото“ кој бил пренесен во гостиварската болница. Поради овој судир патниот правец беше во прекин неколку часа.

„Денеска (05.04.2024) во 09.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар – Стража, на местото викано „Новоселски мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(44) од Скопје и патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(67) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „волво“, додека возачот на „мерцедесот“ и неговиот сопатник Ф.М.(55) од Скопје се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската болница „Ферид Мурад“, информира МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар“ велат од МВР