Трансфер бомба: Една од најдобрите светски ракометарки доаѓа во Вардар

Македонскиот првак ЖРК Вардар доведе огромно засилување за следната сезона, договарајќи го трансферот на Драгана Цвијиќ.

Пивотменската позиција важи за една од најслабите во таборот на „црвено-црните“, а раководството реагираше на вистински начин, ангажирајќи ја Цвијиќ која воедно важи и за една од најдобрите дефанзивни ракометарки во Европа. 26-годишната Цвијиќ потпиша двегодишен договор со нашиот шампион.

-Вардар почна да го создава тимот за следните сезони, а ангажирањето на Драгана Цвијиќ е дел од намерата екипата да добие квалитетни засилувања на секоја позиција. Верувам дека со доаѓањето на Цвијиќ во нашите редови ќе имаме уште поконкурентна екипа подготвена за високи дострели. Вардар секогаш се стреми да ги има најдобрите можни играчи во своите редови, кои ќе придонесат за остварување на зацртаните клупски цели врвот на Европа, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.