Топлите денови во февруари носат замор: Совети како да си помогнеме

Овие денови, луѓето се жалат на симптоми кои се предизвикани од невообичаено топлото време во овој период.

Photo by Brittany Colette on Unsplash

Докторите посочуваат дека ваквите временски услови влијаат како на болните, така и на здравите луѓе. Тоа се нарекува синдром на пролетен замор, бидејќи ова се навистина пролетни температури, иако имаме уште многу до пролетта. Според докторите, воопшто не треба да нè плашат ваквите топлотни денови, но треба да внимаваме. Времето е такво, но мораме да се прилагодиме. Имаме три вируси на грип, активна е и короната, а кај луѓето се јавува и респираторниот синицијален вирус. Освен тоа, некои дрва веќе почнуваат да цветаат, што ја поттикнува алергијата кај одредени личности. 

Една од најчестите грешки која луѓето ја прават е тоа што пијат повеќе кафе за да го победат заморот, наместо да внесуваат повеќе течности, како што е водата. Но, со кафето не треба да се претерува. Важно е и да не се претерува со храната, бидејќи тоа го оптеретува срцето и може да создаде кардиоваскуларни проблеми. За астматичарите, докторите советуваат да се внесуваат помалку јагленохидрати, бидејќи тие ги оптоваруваат респираторните органи, бидејќи се ослободува многу јаглендиоксид. Редовното внесување течности, а и физичката активност се важни за сите, без оглед на тоа дали сме хронично болни или совршено здрави.