Тешко повреден скопјанец, го искасало кучето на соседот, во нападот настрадал и сопственикот

Вчера попладне во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот на подрачјето на Карпош, 71-годишниот Љ.Н. од Скопје бил каснат од куче сопственост на соседот 57-годишниот Р.Л. од Скопје, извести МВР.

Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Н, а повреди заработил и сопственикот на кучето Р.Л. откако се обидел истото да го отргне од неговиот сосед кои биле констатирани во една од приватните болници во Скопје.

Од МВР велат дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.