Спасовски: Годинава имаме намалување од 75% на загинати пешаци во сообраќајот

Многу е важна безбедноста во сообраќајот. Мора да ги смениме навиките, да се подигне јавната свест во однос на сообраќајот. Мора уште со децата да се работи, како треба да се однесуваат во сообраќајот. Овој процес го видиме заедно со вас медиумите, за промоцијата на она што го правиме. Работиме репресивно, но и превентивно, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Телевизија 24.

„Во ноември лани 714 сообраќајки, а истиот период годинава 564, има намалување за 20%. 11 луѓе го загубиле животот во тој период во 2019 година, а годинава во ноември 7, намалување има за 36%. За пешаците, ако споредуваме намалување за 75% од пешаци кои загинале во сообраќајки. Правиме сериозна контрола на јавниот превоз. Имаме континуитет. Полицијата на улиците ја посакуваме сите“, кажа Спасовски.