Сопственик на стан се скарал со станарите за кирија, па активирал бомба во зградата во Смедерево

Експлозијата што се случи синоќа во центарот на Смедерево се случила откако била активирана бомба на третиот кат од зграда во улица „Слобода“.

Експлозивот го активирал сопственикот на станот на третиот кат по кратка дискусија со станарите на кои го издавал тој стан. Наводно, причина за кавгата била неплатена кирија.

Сопственикот на станот се обидел да влезе во станот, но станарите не му дозволиле. После тоа се обидел да постави бомба во станот. Тој се разнел, додека две лица се повредени.

Во експлозијата што се случи синоќа околу 20:30 часот во зграда на улица „Слобода“ во центарот на Смедерево, едно лице загина, а уште две се повредени. Експлозијата се случила на последниот, четврти кат од зградата, која е уништена како и двата ката подолу. Според станарите, сите 25 стана во зградата претрпеле голема материјална штета. Околу зградата и во околните улици има парчиња мебел, столарија и стакло.

Звукот на детонацијата се слушал и во далечните делови на градот. Некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека експлозијата наводно се слушнала „неколку километри подалеку“.