Сообраќајна несреќа го забави сообраќајот во Бутел 2 (фото)

Сообраќајка во која учествуваа три автомобили утрово го забави сообраќајот во скопски Бутел 2.

Несреќата се случи на крстосницата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош со улицата Ферит Бајрам, а во неа учествуваа „мерцедес“ и две „аудиа“. Според првичните информации нема повредени лица, а причинета е материјална штета.