„Скопски летен ритам“ на плоштадите во Скопје

Во рамки на проектот „Скопски летен ритам“ неделава ќе се реализара богата културно-музичка содржина со голем број учесници и настани на централните градски плоштади.

На плоштадот „Македонија“ синоќа настапи „Нешо ау-бау“, млад кавер бенд од Скопје, а на плоштадот „ВМРО“ настапија „Стенд бај“.

На плоштадот „ВМРО“ денеска е предвидена програма за најмладите. Во 18:30 часот ќе настапи фолклорната сесија на Детскиот културен центар „Карпош“, а по нив ќе се претстават бендот Плејд Плуто и Eye Cue. На плоштадот „Мајка Тереза“ вечер ќе настапат дуото Митев/Јованов со латино музика и дуо Долче.

В сабота на плоштадот „Македонија“ предвидена е рок свирка со Мила и Чил Плеј, а на плоштадот „Мајка Тереза“-МОБ Театар Комедија ќе ја изведе претставата „Стујардеси“.

Проект „Скопски летен ритам“ е поддржан од Град Скопје, а го реализира ЈУ Конгресен центар „Алексанадр Македонски“.