„Скопски“ автомобили краделе кромид од нивите враќајки се од продолжен викенд

Обвинувања на сметка на скопјани дека краделе кромид од попатните ниви враќајки се од продолжениот викенд пристигнаа утрово на социјалните мрежи. 

Во една фесбук група е споделено дека автомобили со скопски регистарски таблички вчера враќајќи се од Дојран попатно застанувале и краделе кромид од нивите на мештаните.

Колку е ова точно не се знае, сепак цената на кромидот достигна до 70-80 денари по килограм.