Скопје домаќин на фестивалот на поезијата и уметноста „Крик на жената“

На 28 март 2017 година, ќе се оддржи по втор пат Меѓународниот фестивал на поезија и уметност – Крик на жената (Woman Scream), ширум светот познат како Women Poets International Movement (Mujeres Poetas Internacional MPI), кој потекнува од Доминиканската Република и е координиран, на меѓународно ниво, од страна на Jael Uribe, поетеса, писателка и сликарка од Доминиканската Република, како Претседателка на MPI.

Во Македонија настанов по втор пат го организираат и координираат поетесите Оливера Доцевска и Елена Пренџова, во координација со здружението „Јустиција".

Меѓу поддржувачите на настанот оваа година се: Фондацијата Елена Лука, Fashionel, МКЦ Клуб ресторан, МКЦ, Фантаст уметничкото студио, Цивил – Центар за слобода, Budnost.mk, Македонската платформа против сиромаштија - МППС, YENİ Yildiz TÜRK Derneği – Tурското здружение „НОВА ЅВЕЗДА“ , „Јустиција", Здружението ХЕРА и Здружението ЕСЕ.

Овој фестивал, претставува светски ланец на настани одржани во текот на месец март (1-31) каде што поети/поетеси, уметници и организации од различни земји волонтираат во чест на жените и испраќаат пораки на самодоверба, почит и го зајакнуваат гласот против родово базираното насилство врз жените.

Крик на жената 2017 година, и оваа година во Македонија и во светот се оддржува и е организиран со голема несебичност и волонтерска и алтруистичка поддршка и солидарност на истакнати јавни и приватни организации, уметници и литературни дејци. Ќе се одржи на повеќе локации, а ќе учествуваат луѓе со различни професионални профили.