Скопјанка: Заработувам од правење домашни кифлички, торти и колачи

Во минатото ако си сакал да имаш дома колачи или пак кифлички, значело дека мораш да ги зготвиш сам. И тогаш постоеле слаткарници, но се купувало толку многу како денеска.

Денеска на секој чекор има по некоја пекара и слаткарници. Нудат се, за домаќинките.

Брзиот и динамичниот живот на жените во денешницата, понекогаш не им дозволува да се затворат во кујна и да готват. Ако мораат да готват јадење за секој ден, не мораат колачи и кифли.

Покрај во слаткарниците, кои што нудат богат избор, има многу домаќинки, кои во домашни услови ги готват истите. Најчесто немаат фирма, но своите производи ги рекламираат по социјалните мрежи. Славски ситни колачи, торти, кифлички и погачи, па се до нивно сервирање и декорација.

Љубица е домаќинка од Скопје. Таа никогаш не работела некаде. Целиот свој живот таа е домаќинка и многу вешта во кујната, во готвење.

-Уште кога бев девојка многу сакав да готвам, особено благи работи. Не ни сонував дека еден ден ќе го работам баш тоа. Почнав дома за себе, па за најблиските, денеска готвам за многу други домаќинки. Особено има многу за време на зимските домашни слави, и за празниците. Но родендени има секој ден, па така, речиси и да нема ден, а да немам некоја нарачка. Денеска особено, младите домаќинки немаат време за спремање на истите, па полесно им е да си платат на некој друг. Некој нема време, некој не сака да си се заморува, па се одлучува на овој чекор. Секој си има избор, вели Љубица.

Таа додава дека заработката е добра, некогаш и многу повеќе од една минимална плата.

-Мораш да се снаоѓаша некако, не можеме да чекаме милостина, раскажува Љубица.

Таа вели дека рецептите ги гледа на интернет, а потоа истите ги применува.