Скопјанец се превртел од трактор- итно пренесен во болница

Вчера попладне во с.Усје-скопско, кај „Ограда“, на земјен пат, случена е сообраќајна незгода, во која 38-годишниот Д.А. од Скопје, управувајќи трактор ИМП 560, изгубил контрола над движењето на тракторот и со истиот излегол од патот и паднал во провалија.

Од незгодата, Д.А. се здобил со тешки телесни повреди.

Истиот бил задржан на лекување во Одделенито за КАРИЛ.

Полицијата презема мерки за разветлување на случајот.