Сѐ што имам да ти кажам се две зборчиња...

Во текот на овие 15 години забавување со различни мажи, има работи кои никогаш не престанаа да ми одат на нерви – играње игри и недефинирани односи. Луѓе кои играат топло-ладно толку бргу го губат мојот интерес, што едноставно не постои начин да се вратат во мојот живот.

Едноставно е, јас не сакам да си го трошам времето. Од истата причина ја прекинувам врската кога ќе сфатам дека не е тоа – тоа. Да не се лажеме, останував предолго во тие врски, дури и по година дена откако навистина ќе ставев точка. Се обидувавме да го спасиме она што останало или којзнае што... За среќа, си ја научив лекцијата.

Или сепак не? Таман кога ќе помислиш дека си совладала некои работи, магистрирала и закачила диплома на ѕид, клинецот попушта и те удира сред нос. Само што некои упорно и предолго ги удира, а тие повторно го враќаат клинецот на ѕид. На пример, јас.

Во последните неколку месеци толку бев заљубена во еден маж, што ми се чини како понекогаш да излегувам од своето тело, ја набљудувам целата ситуација од страна и се крстам.

Ние двајца не сме заедно. Ние се сретнуваме на разминување и водиме љубов со погледи. Ние двајца бесконечно долго се допишуваме и бесконечно бесмислено, само да не престанеме. Затоа што кога ќе престанеме, настапува пауза од неколку денови, дури и недели. А во тој период, јас умирам. Ние двајца не сме ништо, иако за мене, ние сме целиот свет. Ние двајца немаме иднина, колку и да се обидувам да ја нацртам таа иднина. Ние двајца имаме часови поминати во најнежни бакнежи и најдолги прегратки. Ние двајца имаме моменти кои ме хранат.

И додека тој вртлог предолго ме носи, ми се случи некаква пресвртница. Пораката која во суштина беше само чиста љубезност и одговор на мојата, некако го предизвика мојот бес. И сите оние нежни работи кои сакав да ги кажам, чекајќи прав момент, исчезнаа за миг. И тогаш ми светна.

ГОНИ СЕ!

Заради секоја ноќ која ја поминав сама, надевајќи се дека ќе дојдеш, ќе се јавиш или барем ќе пишеш.
Заради секоја порака која ја чекав, а не дојде.
Заради тоа што секојпат кога одлучував да продолжам понатаму, ти ме враќаше назад.
Заради секој дечко на кој не му дадов шанса поради тебе.
Заради секој невозвратен излив на љубов и нежност.
Заради секоја одлука да се менувам себеси за да ти бидам подобра.
Заради секое твое „морам да одам“ и „следниот пат“.
Заради секој изговор кој го барав за да ти се јавам.
Заради тоа што се превртував на глава за да ти го задржам вниманието, затоа што си бетер и од дете.
Заради сите моменти кога ми се превртуваше утробата.
Заради секоја надеж дека ќе те сретнам, а наоѓав само празна просторија.
Заради секој ден во кој ми се излегуваше од кожа.
Заради секој час кога посакував да вриштам. На тебе, на себе, на некое замислено суштество.
Заради сите планови кои ги направив за нас, а кои никогаш нема да се остварат.
Заради сѐ што можевме да бидеме, а никогаш нема да бидеме.
Заради секој пат кога ме бакнуваше како да сум ти најважна на светот.
Заради секој таен допир на разминување.
Заради секој секс за кој се молев да не престане.
Заради сите луѓе кои ме прашуваат за тебе.
Заради тоа што за мене никогаш нема да го чувствуваш тоа што јас го чувствувам за тебе.

ГОНИ СЕ!

new nike air max 2019