Сѐ повеќе поплаки за сместувањето во соседна Грција: Хорор соби без прозорец и со мирис на влага и канализација

Сѐ повеќе поплаки до туристичките агенции за сместувањето во соседна Грција. Голем број туристи од земјава кои летово одмараа во соседна Грција, во фејсбук групата „На одмор во Грција“ ги споделија своите негативни искуства со сместувачките капацитети за кои платиле преку туристичките агенции. 

Како што велат, со име ги посочуваат агенциите, за да ги предупредат другите туристи. 

Се жалат на нечести соби и велат дека тоа е проблем кога се патува со деца. Реагираат дека не е можно на летување да бидат сместени во соби во кои нема прозорци. За Интернет веќе како да се помирени дека ви-фито не фаќа секаде и дека климите не секогаш работат иако надвор е над 40 степени целзиусови, а и редовно капат над креветите. 

-Прлави постелнини, мирис на влага и канализација...Не ни личеше тоа на апартман, туку на дупка. Дополнително плаќавме доколку сакаме да користиме клима уред во собата, а климата пак капеше прилично и тоа врз креветот за спиење, се жали една туристка која ја посочи и агенцијата преку која резервирале. 

- Слично искуство имавме на друго место во Грција со истата агенција. На други гости не им работеше фрижидерот. Друга соба пукната цевка, немаа вода, па скоро 2 дена немавме топла вода, со 2 дечиња. Осум дена бевме со истите пешкири и чаршави, ни еднаш не ни ги сменија, а на крај собраа таксата, вели друга жена. 

- Веќе преку македонски агенции не одам на одмор бидејќи ги нудат најевтините и најмизерните вили. Српските туристи имаа пристојно сместување, а ние. Зборувам за летово, за Полихроно, се пожали друг турист. 

Во едно се согласни сите кои си ги кажаа маките на социјалните мрежи. Не бараат луксуз и раскош, туку хигиена, па макар бил и само душек без кревет. 

Вината многумина ја лоцираат кај туристичкиуте агенции.

- Виновна е агенцијата. Задолжително треба да провери во каква состојба и се апартманите, па ако сака заработувачка ако треба и самите да си ги засукаат ракавите. Можеби треба сите да бараат да се плаќаат услугите по реализација на аранжманите , па веројатно овие работи ќе престанат да се случуваат, констатира една туристка.